САД и НАТО се виновни за војната во Украина, сметаат мнозинството српски граѓани

0
68

На анкета, две третини од српските граѓани одговориле дека САД и НАТО се виновни за почетокот на војната во Украина.

61 отсто рекле дека за војната во Украина се виновни САД и НАТО, додека 4,5 отсто од нив велат дека е виновна Украина, а 3,5 отсто се изјасниле дека Русија е виновна, јави дописникот на МИА од Белград.

Истражувањето е на Новата српска политичка мисла (НСПМ). Имало две прашања – кој е во право, а кој е виновен за војната во Украина. Ѓорѓе Вукадиновиќ од НСПМ изјави дека тоа покажало дека пет отсто од српските граѓани веруваат дека Украина е во право, 36 отсто дека Русија е во право, 29 отсто кажале дека никој не е во право, додека 30 отсто не можат да определат.

Вукадиновиќ вели дека истражувањето покажа дека јавното мислење во Србија е спонтано русофилско, од рационални или ирационални причини.