Приведен тетовец баран по централна потерница

0
23

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 16.30 часот на улица „ЈНА“ во градот го привеле 39-годишниот тетовец А.О., соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил баран со централна потерница од Основниот суд – Скопје за издржување на мерка притвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ за издржување на притворот.