Села реизбран за претседател на партијата, дел од членството му го оспорува изборот, тврдат дека нелегитимен

0
25

Досегашниот претседател на Алијансата за Албанците Зијадин Села, доби уште еден мандат на конгресот на партијата. Противкандидат немаше, а за него гласаа над 90 % од присутнуите делегати.

Се промени статутот на партија која како што рече Села ќе биде поблиску до граѓаните. Се избра ново централно собрание. Се усвои и нова платформа на партијата, чии определби ќе бидат држава еднаква за сите и решавање на како што рече Села, проблемот со Албанскиот јазик преку уставни измени, како и вистинска децентрализација на државата.

Кажа дека е легитимно избран на вториот конгрес, а како што налага статутот, ова ќе му биде последен мандат.

Еден од основачите на партијата Латиф Арифи, смета дека Села е нелегитимно избран, оти се работи за трет , а не втор мандат. Најави дека со незадоволното членство на партијата, не суд ќе ја оспорат неговата кандидатура.

Демкратија е може да се критикува, но се работи за лице кој не е делагат во партијата рече Села, додавајќи дека секоја има право да ја оспори на суд партијата и нејзината работа.