Прво СДСМ, а сега и ВМРО-ДПМНЕ иста кампања – Ахмети реагира на изјавата на Мицкоски дека ДУИ треба да биде опозиција

0
22

Претходно СДСМ сега и ВМРО-ДПМНЕ, тераат иста кампања против ДУИ. Ова е реакцијата на лидерот на интегративците Ахмети кој со коментар на својот фејсбук профил напиша дека непотребно лидери на политички партии се занимаваат со тоа дали ДУИ ќе остане на власт, бидејќи за тоа одлучува народот.

„Претходно СДСМ, денес ВМРО-ДПМНЕ, иста кампања, ист наратив, иста стратегија со иста цел. Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии во земјава и ја одредуваат одговорноста за водењето на државата во однос на нивните очекувања. Ништо ново, веќе гледан филм, со исто сценарио и некреативен, со чести реемитувања со различни актери“, напиша Али Ахмети.

Ваквата реакција следи откако Мицкоски во магазинот на ТВ21 Клик плус изјави дека ДУИ е премногу време е во власта а СДСМ е нејзин заробеник. Тој смета дека интегративците по толку време во власта треба да заминат во опозиција.

„Тие 15 пратеници владеат со овие 40, колку се таму во коалицијата на СДСМ. Тоа е суштината. Суштината е фолклорот погледајте го, таму се Бујар, Крешник и Артан. Од друга страна го имате Ковачевски. Дали знаете кој е вицепремиер за борба против корупција, јас не знам како изгледа. Да не го видевме министерот за правда на натпреварот во Палермо, ќе заборавев дека има државата министер за правда. Мислам ова е, секоја чест за овие како успеаја со 15 пратеници  да ги надвладеат овие со 40. Но, лошо е за државата, затоа што се овие предолго во власта, се чувствуваат прекомотни, прекомфорни“, порача Христијан Мицкоски.

Поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев во кампања за изборите во јуни 2020 година рече дека е добро за државата но и за самата ДУИ да заминат во опозиција за, како што истакна,  да се реформира како партија. ДУИ е во власта уште од 2002 година, веднаш по нејзиното формирање како политичка партија. Единствено не беа во првата Влада на Никола Груевски од 2006 до 2008 во која тогаш како албанска партија беше земена ДПА