Синдикатот на администрацијата бара усогласување на платите – во спротивно најавуваат протест

0
22

50% од вработените се под или до новата вредност на минималната плата и наместо усогласување на платите Владата го прекина социјалниот дијалог, не менувајќи ниту еден закон со кој се регулираат платите на вработените, реагира првиот човек на Синдикатот на работниците од управата, провосудните органи и здруженија на граѓани, Трпе Деаноски. Како што вели, Владата треба да ги почитува законите и колективните договори, за да не се продлабочува незадоволството и револтот.

Деаноски вели дека од 15 до 16.000 вработени земаат плата во јавниот сектор, но доколку нема измени на законот особено во администрација и правосудство, нема да добијат ниту минимална плата, ниту било какво друго усогласување со плати. Љубиша Јовановски, вработен во Агенција за катастар на недвижности, се согласи дека има големо незадоволство и дека организациите секој ден добиваат покани за протест.

Деаноски ги повика сите членови на УПОЗ кога синдикатот ќе упати повик, тие да го изразат своето незадоволство со прекин на работа и протест. Истовремено побараа средба и со премиерот, но како што велат, досега не добиле никаков одговор.