Спасовски: Ќе се штеди на службени возила, патувања и репрезентација

0
25

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, очекува на наредните владини седници да се донесат конкретни мерки за штедење во државната управа и дека полицијата е подготвена за рационализација за време на економската криза.

– Не препорака, туку конкретни мерки за рационализација со план како ќе биде утврден начинот на заштеда на тие финансиски средства. Тука спаѓа рационализација во делот на возилата, службените патувања, репрезентацијата и се што е несуштинско во работењето, рече Спасовски како одговор на новинарско прашање.

Тој при тоа додаде и дека не користи службена платежна картичка и мобилен телефон.

– Се што она ќе биде донесено како одлука ние ќе го испочитуваме. Треба да ги рационализираме трошоците и повеќе пари да насочиме кон граѓаните, но јавната потрошувачка и капиталните инвестиции не смеат да застанат во услови на криза, смета министерот.