ТЕТОВЧАНЕЦ ИЗНАЈМИЛ „ОПЕЛ АСТРА“ ОД ПРАВНО ЛИЦЕ ПА ЈА СТАВИЛ ПОД ЗАЛОГ ЗА 2.500 ЕВРА

0
18

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Ш.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и против Б.И.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Првопријавениот, на 06.12.2021 склучил договор со правно лице за изнајмување на патничко возило „опел астра“.

Бидејќи имал потреба од парични средства возилото му го понудил на Б.И., го ставил под залог и зел 2.500 евра. Второпријавениот, иако знаел дека возилото е на правен субјект, го прикривал возилото. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 860.000 денари.