Шуц: Треба да одлучите дали сте со ЕУ или Русија

0
24

Војната во Украина е ѕвончето што треба да ја разбуди ЕУ за уште порешително да продолжи со евроинтеграцијата и проширувањето за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан, за да се спречи промена на расположението од јавноста за ЕУ, но и руското влијание. Но во истовреме и земјите кои се кандидати за членство мора да се изјаснат на која страна се – со ЕУ или со Русија, порача Сузане Шуц, директорка за земјите од Западен Балкан при германското МНР на денешната дебата за Западен Балкан, ЕУ и новите безбедносно-политички предизвици.

– Ова е повик за будење и за ЕУ да продолжи поодлучно со проширувањето. Но, исто така, ова е момент за земјите од Западен Балкан да продолжат со реформите, но и навистина да изберат на која страна се. Дали сте за ЕУ или сте за Русија, против ЕУ? Ова е прашање што секоја земја и поединец треба самите да го одговорат, кажа Шуц.

Во пристапниот процес на ЕУ нема место за историски и идентитетски прашања, кажа директорката за европска политика Сабине Штер, зборувајќи за бугарската блокада на македонските евроинтеграции, прашање што го отвори поранешниот министер за надворешни и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Штер признава дека ова е тешко прашање за Македонија.

-Мислам дека многу тешката одлука што вашата земја, и пред се Владата исто така и проеврпските политички сили ќе треба да ја донесат е колку далеку да се оди во компромис, јас не можам да замислам, но тоа е ваша одлука, дека некој би правел компромис за национален индентитет, изјаво Штер.

Според Ненад Марковиќ кој е член на Советот за безбедност на претседателот, предолгиот застој во интерграцијата на Македонија и поларизацијата на народот ја зголемува можноста за влијание на трети земји во земјите од Западен Балкан.

-Во земјава по секое вето – грчкото, француското и бугариското, имаше промени во јавното мислење и тоа е повеќе или помалку нормално краткорочно. Не би сакал ова да стане тренд и фиксирано раположение кај општата популација, бидејќи веќе се зајакнува јавното мислење и тогаш почнува да се губи битката за срцата и умовите на луѓето,рече Марковиќ.

Случувањата со Русија и Украина се показател на нова геостратешка конкуренција, смета проф. Методи Хаџи Јанев, според кој ЕУ треба да го промени пристапот кон одбраната. Процесот на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ треба да се гледа како двонасочна улица, а не како едноснасочна, порача Хаџи Јанев.

– Друг проблем со ова е мислам дека комотноста што либералната доминација ја имаше во последните дваесет и пет и повеќе години има цена и ова е цената што ја плаќаме. Одбраната и безбедноста ја земавме здраво за готово многу години и мислам дека Западот не ги сфати сериозно заканите што Путин ги даде пред многу години дури и пред да ја направи инвазијата на Крим, рече Хаџи Јанев.

Освен заложбите за единство германските претставнички со порака дека земјите од регионот треба да бидат вклучени во мерките на ЕУ за поддршка за справување со последиците од оваа криза.