Траат борбите во Украина – слика на 30-тиот ден

0
19

Околу 300 цивили загинале во руското бомбардирање на драмскиот театар  во Мариупол пред девет дена, обавија украинските власти.

Зградата се користела како едно од главните засолништа во опколениот град Мариупол, но беше уништена  на 16 март. Москва демантираше дека  руски сили го извеле тој напад.  Од тогаш се интензивираа и уличните борби во градот кој е приротет на Русија на  југот на Украина.. Над 100.000 цивили скоро еден месец се заробени во  Мариупол без храна, вода, електрична енергија. Нема информации како се одивива за денеска договорената евакуацијата на цивили од градот. На линијата на фронтот, украинските сили тврдат дека ги потиснале назад руските трупи во некои области околу Киев.

Украинската страна во меѓувреме објави дека  Руските сили делумно создале копнен коридор кон Крим од територијата во украинскиот регион Доњецк .Руското мнинистерство за одбрана соопшти за послдените воени загуби на Украина, а една од метата е голем склад со гориво во близина на Киев.

– Уништена е најголемата од преостанатите бази за гориво на вооружените сили на Украина, од кои гориво се снабдувало во воените единици во централниот дел на земјата. Во текот на ноќта оперативно-тактичката и армиската авијација погодиле 51 воен објект на Украина, соопшти руското минситерство за одбрана.

Турскиот претседател кој се обидува да организира  средба Путин – Зеленски, оцени дека руската и украинската делегација постигнале разбирање за 4 од шесте теми на несогласување дискутирани за време на преговорите.

Ердоган верува дека компромис помеѓу Киев и Москва се уште е можен. Војната во Украина беснее веќе 30 ден, а секојдневно расте и бројот на бегалци. Над 3 ,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина, најмногу од нив во Полска. Со нив денеска во градот Жешов ќе се сретне американскиот претседател.