Ванчо Михајлов сакал обединета Македонија – но во рамките на Бугарија

0
75

Прославата на Ванчо Михајлов во Битола отвори жолчна расправа околу неговите ставови, за што се залагал, и дали треба да се разгледува критички или како позитивна личност.

Интернет страницата Антропол пренесе текст за Михајлов, во кој се изнесуваат неговите ставови за Македонија и Бугарија. Михајлов се залагал Македонија да се обедини, но да биде дел од Бугарија и со бугарска национална свест.

Современото настојување, што особено е важно и единствено исправно, е следново: Бугарија да се прошири и во јужните и во западните македонски области, кои претежно се населени со Бугари, а чии граници беа омеѓени уште пред сто години. Во интервалот што го дели тој миг од сегашниот, макар привремено, може да се примени следниов преоден компромис: Обединета Македонија во рамките на Бугарија, и тоа во своите географски граници што треба да ги определи само автохтоното население, сметал Михајлов.