(Видео) Прес на СОНК – Штрајкот на училиштата и градинките продолжува

0
21

СОНК го продолжува штрајкот се додека не се договорат за барањата и не се постигне заеднички договор.

По заклучоците на Владата за условите по кои би завршил штрајкот во образованието и градинките, Советот на СОНК одржал седница на која донеле неколку заклучоци.

Советот на СОНК констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањето меѓу СОНК, МОН и МТСП, односно со Владата – рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков, додаваајќи дека заклучиле оти се врши силен притисок врз штрајкувачите.

Советот на СОНК заклучил дека се спори правото на штрајк од аспект на запазување на Закон и процедура, односно се бара според кој правен акт е организиран штрајкот и зошто е прекинат воспитно образовниот процес во градинките и училиштата.

Проследете ја  прес-конференцијата на претседателот на СОНК, Јаким Неделков.