ДО МЕРНАТА СТАНИЦА ИЗГРАДЕНА КОТЛАРА ОД КАДЕ СЕ СОГОРУВА НАФТА

0
18

Тетово со висока аерозагаденост зимава. Така покажаа бројките на станицата за мерење на квалитетот на воздухот од Министерството за животна средина, поставена во дворот на основното училиште Кирил и Методиј во Тетово.Но, колку оваа станица ја покажува реалната слика на аерозагадувањето, ако се земе предвид изградбата на котлара веднаш до станицата.

 

Котлара со два оџаци на само неколку метри од станицата за мерење на квалитетот на воздухот, градежни активности до самиот објект поставен веднаш до булевар, го отвори прашањето колку оваа станица ги прикажува реалните бројки на аерозагадувањето. Според состојбата на терен, дел од експертите сметаат дека потребна е дислокација на мониторинг објектот, кој веќе не ги исполнува критериумите за соодветна локација.

Министерството за животна средина не планира да ја премести станицата. Оттаму сметаат дека мониторингот се уште е релавантен и покрај изградбата на котларата која користи нафта

-Котларата до мерната станица е поставена пред извесно време без никаква најава од страна на тој што ја изградил. И покрај близината на овој извор на загадување, мониторинг станицата обезбедува релевантни податоци, како од загадувањето кое доаѓа од сообраќајот, така и од загадувањето кое доаѓа од загревањето како на јавни објекти така и од приватни домови, истакна од Министерството за животна средина

Од раководството на Основното училиште Кирил и Методиј велат дека немале друго алтернативно место за котларата. Но, планираат во иднина да изградат висок оџак на кој ќе бидат поставени филтри, за помалку да се загадува воздухот, а мерната станица да ги покажува реалните бројки.