Зошто Македонците живеат пократко од европскиот просек?

0
35

Граѓаните на ЕУ живеат 6 години подолго од Македонците.

Според исттажувањето на Еуростат, просечен животен век во ЕУ изнесува 80,4 години. Во земјава 74,4 години. Од анализата се гледа дека и во рамки на Унијата подолго живеат граѓаните на змејите кои имаат поголем животен стандард, но и оние од приморските предели.

Во однос на 2019 животниот век е намален и кај нас и во ЕУ. Во земјава животот во 2020 бил за 2,2 години пократок споредно со претходната година. Во Европа животниот век во истиот период се скратил за 9 месеци.

Од земјите во регионот, најдолго живеаат Грците 81,4 години, следат Хрватите и Албанците со над 77 години. Само Бугарите живеат пократко од Макеоднците или 73,6 години.

Во Европа, најдолго живеат жителите на Норвешка, Исланд и Швајцарија – над 83 години. Жените во Европа имаат за петипол години подолг живот од мажите, а најстари ќители на континетот се жените на францускиот остров Коризка чиј просечен животен век изнесува 87 години.

Сител тв