Рама ќе побара одвојување на Албанија од Северна Македонија во процесот за членство во ЕУ

0
22

Албанија ќе побара да биде одвоена од Севена Македонија во процесот на преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), бидејќи нејзиниот сосед, како што нагласи албанскиот премир, Еди Рама, продолжува да се соочува со бугарско вето.

Тој, во говор во Тирана, рече оти не е оптимист дека Софија би можела наскоро да го тргне ветото за Скопје.

„Албанија не може повеќе да чека додека двата соседа не ја решат својата кавга“, рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете држави.

Нашиот политички курс по ова прашање, рече тој, целосно ќе се промени.

Рама ги даде овие коментари при претставувањето на националното истражување со повеќе од пола милион испитаници, кое покажа дека 67 отсто сакаат патот за членството на двете земји да се раздели.