ТЕТОВСКИТЕ АВТОБУСИ НАМЕСТО ДА ПРЕВЕЗУВААТ ПАТНИЦИ ГАРАЖИРАНИ

0
21

Градските автобуси се уште не превезуваат патници. Новата локална самоуправа ги утврдува неправилностите во Јавното претпријатие Тетово Транспорт, кои како што рекоа ги направила претходната градска власт. Граѓаните бараа што поскоро да започнат градските автобуси да превезуваат патници ,за да се намали загадувањето но и да се заштеди некој денар во време на голема беспарица.

Градските автобуси купени пред 13 месеци наместо да превезуваат патници, гаражирани во дворот на тетовската противпожарна единица. Градоначалникот Биљал Касами, кажа дека се уште се скенираат неправилностите во јавното претпријатие Тетово ТранспорT. Но кога ќе завршат, за конечно да профунцкионира јавниот превоз, не даде конкретен одговор.

Граѓаните  бараат што поскоро јавен превоз, но истиот да биде по стандарди и претходно изработена сообраќајна студија.

Новата локална самоуправа реши да го стави во мирување јавниот превоз веднаш кога ја презеде власта. Според нив Јавното претпријатие Тетово Транспорт, трошело без контрола, работниците биле без придонеси и наместо во фирмата, се воделе како дел од вработени во Општина Тетово.

Од Јавното претпријатие Тетово Транспорт на денешната седница на советот, каде беше изгласана и одлука за воведување на нови автобуски линии, се пожалија дека со високите цени на дериватите претпријатието ќе се соочува со загуби. Но, барем засега како што истакнаа, не планираа да ја зголемат цената на автобуската карта.