Уапсен началник на смена на ГП „Блаце“ кој барал мито за пропуштање патници

0
22

Уапсен е началник на смена на граничниот премин Блаце кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патници кои влегуваат во Македонија, потврди заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21.

„Внатрешната контрола веднаш го уапсила по добивање на веста“, рече заменик министерот.

Како што објави ТВ 21, станува збор за лицето Е.Ш од Скопје, началник на смена на граничниот премин меѓу Македонија и Косово, додека вториот полицаец кој се појавува на видеото, според телевизијата, е З.Р.

Скандалот го откри бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници. Тој го обзнани случајот во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан за притисокот што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му следува на граница.