Јанакиески осуден на 3 години и 6 месеци затвор за „Сончев град“

0
21

Екс министерот Миле Јанакиески е осуден на казна затвор од 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, односно за изградбата на „Сончев град“.

На три години затвор е осуден Томе Ѓурчилов, а останатите обвинети Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гачев и Веса Томчевска добија условна казна од две години.

Исто така се задолжуваат обвинетите да ја надоместат причинетата штета, истакна судијата Осман Шабани.

Предметот кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на населбата „Сончев град“ во Сопиште.

Според обвинението, првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа