29-годишно лице ја излажало полицијата дека го нападнале со остар предмет и му ги земале парите

0
27

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.А.(29) од гостиварска Лакавица, поради сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.

Како вработен во гостиварска туристичка агенција, Л.А. се сомничи дека на 07.03.2022 во СВР Тетово лажно пријавил дека во близина на клучката за тетовско Жеровјане, физички бил нападнат од три лица кои со закана со остар предмет му одзеле пари и фискален апарат.

По преземените мерки било утврдено дека таков настан воопшто не се случил и дека Л.А. целосно го измислил, по што тој и го признал делото.