12 милиони швајцарски франци за заштита од поплави во полошко

0
26

Со чистење и санација на речното корито на Боговињска река започнаа инфраструктурните зафати за контрола и отпорност кон поплавите во полошкиот регион. Се работи за програма финансирана од Швајцарската влада, која ги опфаќа сите седум општини од полошко. Крајна цел е интегриран пристап во справувањето со поплави и други природни непогоди.

Мапирање на ризиците од катастрофи, воспоставување на систем за рано предупредување, планови за одговор, изградба на потпорни ѕидови долж реките, е само дел од програмата за контрола и и отпорност кон поплавите во полошко.

Катастрофалната непогода во 2015 години во тетовско која однесе и човечки жртви, откри големи слабости на системот за управување со природни непогоди, но и брзиот и урбан развој на општините, ја заголеми ранливоста во овој сегмент.

-Швајцарија одлучи да ги здружи силите со националните и локалните власти за да создаде сеопфатен систем, кој ќе му помогне на регионот за да ги предвиди, подготви и управува со идните природни катастрофи. Последиците од катастрофите ќе се зголемат поради климатските промени, но и човекот како фактор кој создава диви депонии во речните корита, чии природни ѕидови стануваат се понебезбедни, изјави Амбасадорот на Швајцарија во Македонија Вероник Хулман

Програмата започна со санација на речното корито на Боговињска река

Наредната недела ќе започнат градежни активности за спроведување на мерки за заштита од поплави во село Шипковица, за кои нашето министерство дополнитено одвои околу 10 милиони денари, рече  Насер Нуредини Министер за животна средина и просторно планирање.

Проектот ќе биде успешен доколку биде прифатен од локалното население

Преку програмата која се очекува да заврши наредната година, одвоени се 12 милиони швајцарски франци наменети за санација и активности на терен, како и проектни документации за заштита од поплави во сите 9 општини од полошко.