ВЕЖБИ НА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ НА СВР ТЕТОВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

0
38

СВР Тетово ги инфомира жителите на Полошкиот регион дека деновиве ќе се извршуваат вежби на полицајците на отворено за користење на огнено оружје. Предвидени се вежби на подрачјето на Тетово и на Гостивар.

– Од утре (4 мај) ќе започне со планираното пролетно гаѓање, кое ќе се реализира на стрелиштето „Еребино“, во атарот на тетовско Желино. Гаѓањето ќе се одвива до 16-ти мај, секој ден од 8 до 15 часот. На 5, 6 и 9 мај годинава, исто така, планирано е гаѓање на фудбалското игралиште под Браната во Маврови Анови, со кое ќе бидат опфатени полициските службеници од Полициското одделение Маврово, додека полициските службеници од Полициското одделение Ростуше, истите денови, ќе гаѓаат на импровизираното стрелиште во долнореканското село Аџиевци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од 9 до 11 мај закажано е гаѓање во месноста „Чука“ во кое ќе учествуваат полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

МИА