ЗА АЛИ АХМЕТИ СПОМЕНИКОТ ВО СЛУПЧАНЕ Е ЗАКОНСКИ ИЗГРАДЕН

0
36

Се издигна кон небо но без законски темели. Свечено отворен пред партиската врхушка на ДУИ, но и по 4 дена споменикот зјае во просторот без документација. Бурно коментираната спомен кулата на мачениците од Слупчане висока 20 метри и вредна 200, 000 евра добива забелешки. Идејата за неа била стара 20 години, но реализацијата пристигна во една година. Според надлежните, општинарите го заобиколиле законот за меморијални споменици и спомен обележја. Последен во низата изјави се огласи лидерот на ДУИ. Нему му се допаѓа, и вели не е дивоградба.

СЀ Е ВО РЕДОВНИ ПРОЦЕДУРИ И Е ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДИТЕ. СЀ Е СПОРЕД ЛОКАЛНИТЕ ЗАКОНИ И НЕМА НИШТО ШТО Е НАДВОР ОД СТАНДАРДИТЕ И ЗАКОНИТЕ, НАГЛАСИ АХМЕТИ.

И по 4 дена откако осамна во полјаната во с. Слупчане спомен кулата пристигаат правни, и експертски коментари, но никој досега не ја оспорил до наделжените постапката за подигање на споменикот. Инспекција на терен нема да излезе затоа што никој не пријавил, велат од министерството за култура, надлежни за контрола и спроведување на законот за меморијални споменици.

Токму заобиколувањето на овој закон синоќа во телевизиско гостување го коемнтираше и претседателот Стево Пендаровски спроед кого праксата на споменици дивоградби продолжува. Како овој во Слупчане така и сите остантите во Скопје од периодт Скопје 2014-та се дивогради. Ако се отстранува еден, треба да се отстранат сите, вели Пендаровски.

Спомен кулата е во чест на борците на УЧК. Зад него стои општина Липково, но оттаму освен ветувањата, градоначланикот нема прикажано докуемтнтација за процедурата.

ИЗВОР ТВ ТЕЛМА