КАПЕЛАТА НАМЕСТО ДА СЕ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА СЕ РАСПАЃА

0
41

Новите православни гробишта кај тетовско Фалише се уште недостојни за вечно почивалиште. Секоја наредна градска власт со ветување дека ќе се уредат, но на терен никакви активности

Ниту црква ниту било каков затворен објект, без обележје дека станува збор за локација за православни гробишта. Внатре сликата уште полоша. Местото обрасното со трева и трње, неуредно и неодржувано.

И градската капела изградена пред речиси 3 години нефункционална. Наместо да се пушти во употреба, таа започна да се распаѓа. Граѓаните бараат што поскоро градските власти да обезбедат достојно вечно почивалиште, на кое се чека со децении.

А надлежните како и многу пати досега со ветување дека капелата ќе биде наскоро пуштена во употреба. Деновиве велат треба да се објави нов тендер, за доуредување на внатрешноста на објектот.

Ова е само едно од ветувањато на сите досегашни градски власти. Но, на терен досега не се спроведени сериозни активности, како за капелата така и за уредување на просторот на новите православни гробишта кај тетовско Фалише.