ПРВО СОСЛУЖУВАЊЕ НА ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВАРТОЛОМЕЈ И АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН

0
39

Српската православна црква продолжува да молчи за одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА, но во православните цркви се повеќе наидува на одобрување чекрот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој ја согледа реалноста за живоста на МПЦ-ОА и нејзината канонска исправност.

Речиси и да нема православен христијанин кој бил во Македонија и ја видел одблиску животворноста на црквата, наспроти пропагандите што изминативе пет децении ги ширеше црковната диполматија на црквата на Србија против МПЦ-ОА, а да не го поздравил чекорот на Вселенскиот патријарх да ја извади црквата од изолација во православниот свет,  оценувајќи го како вистински исправен и достоинствен чекор на духовник кој се грижи за единството на црквата.

Неофицијалните информации на религија.мк, велат дека голем број митрополити од различни православни цркви веќе изпратиле сигнали до македонските владици дека се подготвени веднаш да почнат сослужување кога тоа ќе биде потребно и најсоодветно. Меѓу нив има епископи од Романската, Бугарската, Грчката, Албанската, Александриската православна црква.

Но, зошто се уште не се случува чинот на сослужување, што е суштината на оваа одлука на Вселенската патријаршија?

Логиката вели дека парвославните цркви најверојатно ќе го чекаат моментот поглаварите на МПЦ-ОА и на Вселенската патријаршија да ја отслужат првата заедничка литургија како што налага редот во хиерархијата на црквата.

Директорот на Комисијата за односни со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски во неодамнешното гостување во емисијата Топ Тема на ТВ. Телма, откри дека веќе има најави и за терминот за првото сослужување меѓу Архиепископот г.г. Стефен и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и дека комуникацијата е во тек за договоарање на деталите.

Сотировски изјави дека идејата е тоа да се случи на 12 јуни на Педесетница, Духовден, ден кој во црквата се смета како роденден на црквата. Иако не откри дополнителни детали како оди координацијата, сепак најавите се дека сослужувањето најверојатно ќе се случи во седиштето на Вселенската патријаршија.

Практичното демонстрирање на сосолужување меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија практично ќе значи и формализирање на одлуката на Вселенската Патријаршија за враќање во канонското единство на Охридската Архиепископија во православниот свет речиси два ипол века по нејзиното укинување.

Таквот чин подоцна ќе отвори можност за владиците од останаите цркви да почнат да сослужуваат со македонските владици, што пак ќе значи директно нивно признавање на МПЦ-ОА.

Религија.мк