ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО ОДЛУЧИ АРБЕН ТАРАВАРИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

0
35

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој беше генерален секретар на Алијанса за Албанците, е назначен за потгпретседател на партијата. По неодамнешниот конгрес синоќа бил одржан првиот состанок на партиското претседателство на кој едногласно била донесена одлуката Алијанса за Албанците да има само еден потпретседател и таа функција му е доделена на Таравари. Алијанса за Албанците ќе објави конкурс за претседателите на партиските ограноци.

Во партиското соопштение се вели и дека за останатите партиски тела изборот ќе биде извршен на наредните седници на претседателството на партијата.

Синоќа претседателството донесе одлука да објави конкурс за претседатепи на партиските ограноци кој ќе биде објавен од 16 до 23 мај.

„Го охрабруваме секој поединец кој верува дека ги има соодветните вештини и има визија да ги води локалните ограноци на АА, да се пријави и да стане дел од натпреварот”, изјави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села по состанокот на претседателството.