БРВЕНИЦА СО ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ СО НАД 250 МЕГАВАТИ МОЌНОСТ

0
25

Огромен интерес за изградба на фотонапонски централи во Општина Брвеница, каде веќе две години постојат вакви системи. Инвеститори планираат дополнитено да откупат 200 хектари земјиште, каде би се произведувало струја со моќност за целата општината и повеќе. Експертите велат дека ваквите инвестиции се едни од најдоходовните, земајќи ја во предвид поволната клима во државата, со голем број на сончеви денови, но и постојаното покачување на цената на струјата.

Ова е фотонапонската централа кај село Теново Општина Брвеница. Работи 2 години со моќност од 20 мегавати.На неколку километри од оваа инвестиција ќе се гради нова централа со 50 мегавати капацитет, за која веќе се издаваат градежни дозволи.

Во услови кога немаме индустрија и лошата состојба во земјоделието, интересот за ваквите инвестиции постојано расте, вели градоначалникот Јовица Илиевски.

Моментално се изработува урбанистички план за изградба на централа кај село Гургурница на површина од 200 хектари.

Експертите велат дека ваквите капацитети се едни од најдоходовните. Инвестицијата брзо се враќа, се заштитува животната средина, а се зголемува и домашната независност од струја, во период кога цената расте на светско ниво.

Голем бенефит ќе имаат и домаќинствата, ако се одлучат на нивните покривни конструкции, да постават фотонапонски мини централи, чија струја ќе ја користат за свои потреби, потенцира Спировски А, во периоди кога имаме поголем број на сончеви денови, киловатите на вишок произведена струја, може да се складира и во специјални батерии.

Видео прилог на МРТВ.