РАЗРЕШЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА ТЕТОВСКАТА ГИМНАЗИЈА, РЕВИЗОРОТ КОНСТАТИРАЛ БРОЈНИ ФИНАНСИСКИ ПРЕКРШОЦИ

0
39

Директорката на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, Теута Лала, која беше разрешена од функцијата од страна на Локалната самоуправа излезе со реакција на оваа одлука.

Според Општина Тетово разрешувањето е врз основа на констатирани бројни финансиски прекршоци кои се наведени во резвизорскиот извештај, но според Лала, истото е незаконско.

Таа вели дека ревизијата била селективна, затоа што е извршена само за време на нејзиниот мандат.

Од Општината додаваат дека преку овластениот адвокат има поведено и постапка за констатирање на законските прекршоци што ги направил директорот.