ВИДЕО – РЕСТАВРАЦИЈАТА НА ФРЕСКИТЕ ВО МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА ВО ЛЕШОК НИКАКО ДА ЗАВРШИ

0
32

Процесот на реставрација на старите храмови се побавен поради немање на доволно стручен кадар и финансии.Заштититата на Манастирската црква света Богородица во Лешок со повеќеслојно ѕидно сликарство започната пред една деценија се уште незавршена. Конзерваторите го враќаат стариот сјај на фрескоживописот, за кој се потребни години целосно да се зачува и обнови. Но според програмата и средствата кои се одобрени, тука ќе се работи до крајот на месецот.

Ова се фрески од 19 век, но под нив се наоаѓа уште еден, а некаде и два слоја на фрескоживопис стари и до 5 века. Најоштетеното ѕидно сликарство по механички но и хемиски пат се остранува и завршува изложено во музеите. Се конзервира тоа што е најзачувано.

Манастирската црква света Богородица уникатна по архитектура и фрескоживопис, но процесот на конзеравија никако целосно да се заокружи.

Следува видео прилогот на МРТВ за состојбата со фрескоживописите на старите храмови