ВО ПЕТОК НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД ТЕТОВО ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ДЕЗИНСЕКЦИЈА

0
30

Општина Тетово информира дека на ден 24.06.2022 (петок), на подрачјето на град Тетово ќе се изврши дезинсекција против комарци и други штетници.

Дезинсекцијата ќе се изврши во вечерните часови, поточно од 23:30 часот до раните утрински часови.

-Апелираме до пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки, односно потребно е засолнување на пчелите во нивните сандаци, обезбедување на потребната количина вода и да не ги напуштаат своите сандаци 5-6 часа по третманот на територијата, велат од Општина Тетово

Во случај на неповолни временски услови (дожд или ветер), дезинсекцијата ќе се изврши наредниот или некој друг ден, додаваат од општината.