ЕДИ РАМА: ЕУ СЕ ПРЕТВОРИ ВО СВЕШТЕНИЦИ КОИ ГОВОРАТ ЗА СЕКСОТ НА АНГЕЛИТЕ ДОДЕКА ПАЃААТ ЅИДОВИТЕ НА КОНСТАНТИНОПОЛ

0
47

Албанскиот премиер, Еди Рама имаше брутално излагање среде Брисел откако Европската Унија не успеа да донесе одлука за кревање на ветото на пристапот на Македонија и Албанија во Европската Унија со што според Рама се задава огромен удар на кредибилитетот на Унијата.

-Жал ми е за ЕУ. И се надевам дека можеме да помогнеме. Се обидов да им кажам одредени нешта на состанокот и ќе споделам неколку работи со вас. Шарл Мишел ни кажа дека имаме три минути јас му кажав дека можеше да трае и 30 секунди ако успеаа да започенем преговори со ЕУ.

Тој уште еднаш истакна дека Бугарија е брука за ЕУ, но очигледно проблем со проширувањето на ЕУ имаат сите.

-Северна Македонија, еднаш беше Македонија или ФИРОМ како што велеа нашите грчки браќа. 17 години подоцна уште чека како кандидат да почне преговори. Го промени и името, замислете Франција да го промени името за да стане членка на ЕУ или Италија. Го променија и името. Албанија чека 8 години, морав да добијам трет мандат за да добиеме преговори со ЕУ. Причината едонставно не е Бугарија. Бугарија е брука. Причината е искривениот дух на проширувањето. Бугарија е само најдобрата експресија.

За крај Рама со историска компарација ја истакна сулудата атмосфера во Брисел.

-И мојата молба до нив е. Немојте да дозволите да Европската Унија стане конгрегација на свештеници кои разговараат за сексот на ангелите додека паѓаа ѕидовите на Константинопол!