ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ ПРЕФРЛЕН ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР

0
34

Pо жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски, мерката притвор Судскиот совет од Битолскиот Основен суд ја преиначи во куќен притвор.

Алабаковски попладнево го напушти притворското одделне во Затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом каде ќе ја издржува мерка.

Ова за апла пред малку го потврди адвокатот на Ламбе Алабаковски Дарко Стефановски.

Од полициски извори дознаваме дека неговиот дом веќе е под полициско обезбедување и него ќе го контролира СВР Битола.

34 годишниот поп пејач е осомничен за подметнување на пожарот во културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, во саботата утрото кога изгоре влезната врата од објектот. Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа протест под мотото слобода за Ламбе.

Апла.мк