ОБЈАВЕН ПРЕДЛОГОТ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ, ГИ НЕМА БУГАРСКИТЕ УСЛОВУВАЊА

0
34

Речиси ништо од досегашната официјална бугарска позиција околу спорот со С. Македонија не фигурира во предлог-одлуката на Европскиот совет за почеток на преговорите на земјава за членство во ЕУ, која попладнево ја објави БГНЕС, пренесе Слободен Печат

Во текстот нема ниту еден од условите наведени во Рамковниот став на Бугарија, усвоен од Народното собрание во 2019 година. Меѓу тие услови беа и оние кои се однесуваат на објективизација на заедничката историја, говорот на омраза во учебниците и медиумите, како и рехабилитацијата на жртвите на комунистичкиот режим врз граѓаните со бугарски идентитет. Во заедничкиот став на Советот, сега присутен е единствено условот за вклучување на Бугарите во уставот на С. Македонија, кој беше поставен минатата година.

Повеќе подолу на линкот.

Објавен е предлогот за решавање на спорот, во него ги нема повеќето бугарски услови