ВМРО НП – ТЕТОВО ГРАД СО ТРИ ОПШТИНИ, ЕДНАТА БИ ЈА ВОДЕЛ МАКЕДОНЕЦ

0
44

Од општинскиот комитет на ВМРО Народна партија Тетово ги повикаа преставниците на двете најголеми партии да го поддржат предлог-Законот за локална самоуправа изработен од ВМРО Народна партија, кој е доставен до пратениците во Собранието и кој предвидува прераснување на Тетово во град со три општини (по урнекот на Град Скопје), од кои најмалку една од тие општини би била со доминантно македонско население, со Македонец како градоначалник.

Следува целото соопштение на ВМРО Народна партија

-Почитувани,во пресрет на вонредните избори за членови на Советот на Општина Тетово, сакаме уште еднаш да ја афирмираме идејата за поголема децентрализација на нашата општина.

-Имено, уште еднаш ги повикуваме претставниците на СДС и ДПМНЕ да смогнат сили и да го поддржат предлог-Законот за локална самоуправа изработен од ВМРО Народна партија, кој е доставен до пратениците во Собранието и кој предвидува прераснување на Тетово во град со три општини (по урнекот на Град Скопје), од кои најмалку една од тие општини би била со доминантно македонско население, со Македонец како градоначалник на истата и со мнозинство на македонските партии во општинскиот совет.

Сметаме дека тогаш би се намалила мајоризацијата што се врши над Македонците во нашиот град, односно конечно Охридскиот рамковен договор би започнал да важи и за Македонците, кои треба да престанат да бидат третирани како граѓани од втор ред, стои во партиското соопштение на ВМРО НП