ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА Е ЕДНО ОД ЗНАЧАЈНИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СЛУЧУВАЊА ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

0
35

Премиерот Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи се огласи во пресрет на Парадата на гордоста која ќе се одржи денеска, попладне.

-Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација.

Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.

Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме.

Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија.

Посакувам успешен и мирен #SkopjePride, порача Ковачевски