РАШКОВСКИ БАРА ДА МУ СЕ ВРАТИ ПАСОШОТ

0
21

Откако му беше укинат затворскиот притвор, а во февруари оваа година и притворот во домашни услови по прифаќање на приложената гаранција од 192.000 евра, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, преку неговиот асвокатски тим, денеска се обрати до Кривичниот суд со барање да му биде вратен пасошот.

Патната исправа му беше одземена како мерка на претпазливост за евентуално напуштање на државата по укинување на притворите (затворски и во домашни услови).

Барањето на Рашковски било доставено до судот на денешното рочиште со кое продолжи предметот „Софтвери“ со изнесување на докази од Обвинителството и читање на пораки што ги разменувале обвинетите.