ТЕТОВО САКА ПАРК СО БАРАЊЕ ЗА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

0
31

Иницијативата „Тетово сака парк“ поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и до Државниот управен инспекторат.

Општината, покрај тоа што ја игнорира иницијативата за прв вистински парк во Тетово, а со тоа ја демонстрира и незаинтересираноста за потребите на граѓаните, работи на недоволно транспарентен начин.

Имено, Општина Тетово соопшти дека го суспендирала штетниот ДУП за УБ 57а, кој се однесува на просторот на поранешно ШИК „Јелак“, а од друга страна на истата локација издала одобрение за градба на висококатница, нешто што директно негативно се одразува на последниот потенцијален простор за зелена зона во градот.

Нам, жителите на Тетово, ова ни е нејасно. На докажано штетен ДУП, а јасно изразена волја и потреба за нови, зелени концепти од страна на луѓето и на соопштена суспензија на планот од Општината, како се дозволува да се шири смртоносниот вирус наречен ,,висококатници” и на тој простор?

Бараме државните инспекторати да спроведат вонреден инспекциски надзор