ВО СОБРАНИЕТО ПОМИНАА НОВИТЕ ПРЕДЛОГ ЗАКЛУЧОЦИ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

0
31

Собранието ги изгласа предлог заклучоците поднесени од пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на француската предлог преговарачка рамка, откако од вкупно 69 пратеници кои гласаа, „за“ гласаа 68 пратеници, без гласови против или воздржани.

Откако ги усвоија заклучоците, пратениците од мнозинството со аплауз ги поздравија и развиорија македонско знаме во собраниската сала, како и знаме на Европската Унија.

Претходно, пратеничките групи на СДСМ и ДУИ поднесоа нови предлог заклучоци
Гласањето помина без Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои го напуштија македонското Собрание, откако не беше прифатено барањето на пратеничката Дафина Стојаноска за еден час пауза по завршувањето на расправата по француската предлог преговарачка рамка.

Расправата во Собранието и денеска се одвиваше во тензична атмосфера со размена на обвинувања за предавство на националните интереси и бугаризација на државата.