КОВАЧЕВСКИ ИМ КАЖА НА ОПОЗИЦИОНИТЕ СОВЕТНИЦИ ДЕКА СЕ НЕВОСПИТАНИ

0
25

Референдум „за“ или „против“ е новата причина за тензии и раздор меѓу власта и опозицијата. Додека едните убедуваат дека простор за референдумско изјаснување за преговарачката рамка со ЕУ – нема, другите обвинуваат за предавство.

Денеска вжештена атмосфера и во Законодавниот дом– Ковачевски и порача на опозицијата дека е новоспитана и нема да дозволи со нивниот референдум државата да скршне кон Исток, а додека се обраќаше на собраниската говорница се слушаа дофрлувања – Лажеш…

„Во однос на вашето барање за референдум, тоа е исклучително за ваша внатрешно партиска употреба. Зошто? Затоа што она што го правевте- тука од местото од Мицевски, не треба да седи Мицевски, Апасиев да си го ставите напред, а не него. Затоа што политиката која што ја водите на штитење на интереси на трети држави во оваа држава е најпогубно нешто што некој може да го прави на граѓаните на Северна Македонија. Вие имате проблем, вие не знаете какво референдумско прашање сакате“, вели Димитар Ковачевски премиер на Македонија.

Пратениците од опозицијата му порачаа – ако одлуките на СДСМ биле прогресивни немало да се шетаат пратеници од нивните редови со вооружено обезбедување