Северна Македонија испрати тенкови во Украина, донацијата ја потврди Министерството за одбрана

0
28

Министерството за одбрана потврди дека снимките кои денеска се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови кои Македонија ги испраќа како донација за Украина.

Од МО за „360 степени“ посочуваат дека се работи за тенкови кои се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Од МО велат дека станува збор за „трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”.