ПРЕТХОДНОТО МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ СЕ СОМНЕВА ДЕКА ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ

0
31

Најава – Носителите на советничките листи на политичките партии и група граѓани, кои ќе учествуваат на престојните избори за нов совет на Општина Тетово кои ќе се одржат на 20 август, го потпишаа кодексот за фер и демократски избори. Изборната кампања ќе започне од недела на 31 јули. За советничките места ќе се тркаат 11 политички партии и две независни листи.

Кодексот за фер избори го потпишаа 9 политички партии и една независна листа, кои ќе учествуваат во изборната трка, Но, од ВМРО ДПМНЕ и БЕСА партии кои го имаа мнозинството во претходниот совет, се сомневаат дека изборен процес ќе тече во рамки на законот.

И како партии и како дел од централната власт, сме покажале дека знаеме да организираме мирни фер и демократски избори, истакнаа носителите на советничките листи на СДСМ и ДУИ.

Изборите ќе бидат, успешни оти за нив не треба да се исполни никаков цензус, а секоја незаконист ќе биде строго контролирана и санкционирана, велат од општинската изборна комисија.

Советот на Општина Тетово се распушти по само 6 месеци работа, оти советниците не успеаа да ја изгласаат завршната сметка на буџетот, во законски предвидениот рок