Сали вели хемофилтрацијата се користела како „волшебен“ третман

0
22

Хемофилтрацијата во клиниката „Жан Митрев“ се користела како „волшебен“ третман, вели министерот за здравство, Беким Сали во поткаст „Разговор во Редакција“.

Изјави дека стручна комисија ќе даде финално објаснување кога се користел методот, врз основа на документи.

„Нечиста крв“ и работењето на Клиничката болница „Жан Митрев“ поттикна реакции во јавноста.

Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е потребно за овој случај да се расправа и во Собранието. Од „Жан Митрев“ ги охрабија инспекциите да ги извршат контролите и надзорите.