Се огласи жената која е сликана со Груевски во Будимпешта

0
35

Навреди, невкусни коментари и сензационални наслови полни со шпекулации деновиве го преплавија интернетот поради фотографија од поранешниот премиер, Никола Груевски, на која тој позира покрај млада жена во Будимпешта, пишува „Фокус“.

Приказни дека повторно ќе се жени и низа други непроверени тврдења ја анимираа јавноста, без притоа да се знае фактичката состојба, па дури и идентитетот на жената чиј лик се најде во центарот на вниманието.

Која е вистината за овој настан, во телефонски разговор за „Фокус“ објаснила самата таа, која не по своја вина стана еден вид на сензација, но и жртва на злоупотреба на приватна фотографија.

Станува збор за сериозна жена, семејна личност, мајка и посветена здравствена работничка, која до пред 2 дена не можела ниту да претпостави дека фотографијата со нејзиниот лик ќе стане топ тема во земјава. Како што појаснува, целата ситуација е класична злоупотреба на приватна фотографија.

„Во Будимпешта престојував неколку пати изминатиов период, поради здравствени причини. Не е тајна дека поранешниот премиер Никола Груевски живее таму, па по секое враќање мои пријатели на шега ме прашуваа случајно дали сум го сретнала.

При последната посета во градот, навистина го сретнав на улица, го поздравив, му се претставив. Кратко поразговаравме, тој се интересираше за причината поради која сум во Будимпешта, стануваше збор за краток и културен разговор, а потоа, спонтано го прашав дали може да се фотографираме.

Се согласи, и така беше направена фотографијата која еве денес, ни донесе низа на непријатни искуства мене и на моето семејство“, раскажува таа.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.