СО БАГЕР КОПАЛ ВО ТУЃИ ДВОРОВИ ЗА ДА ГРАДИ ГАРАЖА И ОТВОРИ ПРИСТАПЕН ПАТ

0
36

Проблемите со узурпациите и дивоградбите во викенд населбата на Попова Шапка, никако да се стават под контрола. Сопственик на викендичка во дворни места од соседите, започнал да гради гаража и пристапен пат. Од инспекторатот на Општина Тетово, велат дека на лицето му е наложено да запре со нелегалните активности.

Со багер урнал потпорен ѕид, влегол во туѓи дворови за да направи гаража и пат до својата викендичка на Попова шапка. Даниел Димитриевски, чиј двор е раскопан од како што рече нелегалните активности, вели дека штетите се големи.

Случајот е пријавен до сите надлежни институции, но градежните активности продолжиле.

Од Инспекторатот на Општина Тетово, велат дека согласно постоечкиот закон сите дворови на сопственици на викендички на Попова Шапка, се во државна сопственост, но тоа не му дава право на никој да ги узурпира и да гради.

-Нашите екипи излезени се на лице место и наложено му е на лицето кое вршело градежни дејсјтвија за изградба на гаража и пат да престане со работа. Постапките со овој случај ќе продолжат. Таму нема да дозволиме никакви градби, веалт од Инспекторатот на Општина Тетово

За Попова Шапка се уште нема изработено детален урбанистички план, дотогаш се забранети градежни активности, но состојбата на терен е сосема поинаква.