ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОД ГОВОРНИЦАТА ГО ПОМЕСТИ ТРАНСПАРЕНТОТ НЕ

0
29

Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации, истакна претседателката на ЕK, Урсула Фон Дер Лајен којашто пред пратениците во Собранието и тврдеше дека предложената преговарачка рамка е во согласност со европските критериуми.

Во еден момент, кој не беше прикажан во директниот пренос, некој на микрофоните на говорницата стави мал транспарент со „НЕ“ за францускиот предлог за преговарачката рамка. Фон Дер Лајен го спушти од микрофоните и продолжи со говорот.

Пратениците од владеачката коалиција, како и оние кои го подржуваат францускиот предлог, неколкупати станаа и аплаудираа на говорот, особено при потенцирањето на засебноста на македонскиот јазик и идентитет.

Пратениците на опозицијата кои се против беа облечени во маички со „НЕ“ и со транспаренти против францускиот предлог и решенијата кои според нив задираат токму во прашањата за идентитетот на Македонците.

При еден дел од говорот и аплауз, се слушна „Предавници“, „Фашисти“. Говорот на Фон Дер Лајен продолжи и не беше прекинуван, а претседателката на ЕК го пофали и се забалагодари за демократското однесување на пратениците при нејзиниот говор.