15 возила се подготвувале за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје

0
19

На 20/21.07.2022 на булевар ,,Маршал Тито“ биле исклучени 15 возила со македонски и странски регистарски ознаки согласно член 344 став 2 и 3, кои вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно. Кон нив се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.