ВО ГОРНА ЧАРШИЈА ВО ТЕТОВО, ЕВАКУИРАНИ ДЕСЕТИНА ЖИТЕЛИ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ КУЌИ

0
31

На подрачјето на Тетово по обилните врнежи што ја зафати општина Тетово. места кои се погодени од невремето и има поплавено подруми гаражи и куќи исто така излеана канализација од неколку шахти.

Интервенирано од ТППЕ Тетово. Патот кон село Фалише кај подвоникот е полно со вода и останатите подвозници се во целосен прекин за движење.

Исто така, патот што води од стадион до Касарна е поплавен и е во целосен прекин за движење.

Поплавени се улиците „Улица 141“ ,ул. „Фуштанска“, ул. „Илинденска“,„Улица 114“, ул. „Мирце Ацев“, „Улица 121“. Интервенирано е на каналот што поминува низ с.Мала Речица.

Евакуирани се 10 луѓе од поплавени куќи во населеното место викано „Горна Чаршија“ и истите се сместени во ТППЕ Тетово при што од нив 7 луѓе се сместени во нивните роднини, а за останатите 3 луѓе е побарано од Црвен Крст Тетово помош за нивното сместување.

Градоначалникот на Тетово има доставено барање до ДЗС за помош и нивно активрање за испумпување на куќи и подруми. Врз основа на одлука од Кризниот штаб Тетово за 3-те граѓани што беа евакуирани од страна на ТППЕ Тетово е одлучено да бидат сместени на сигурно локација од страна на Општина Тетово каде што имало можат да ја поминат ноќта и да преспијат.

Во тетовското село Џермо, зафатено со опасни врнежи, при што, според информациите за сега, е уништена една куќа, а некои автомобили се блокирани.

Жителите бараат надлежните органи што поскоро да преземат мерки.

Во Општина Прилеп во попладневните часови околу 19.05 часот во вчерашниот ден беше зафатена општината од силно невреме при што имаше поплавени куќи од невремето што го зафати с.Лажани, Прилепско. Во куќите беа заглавени луѓе на кои им беше потребна помош да ги напуштат нивните домови.

Контактирано е со РЦУК Прилеп и МВР СВР Битола за понатамошно постапување и беа Испратени екипи на терен за помош.

За состојбата со поплавите запознаен е и градоначалникот на Општина Долнени, ДЗС Прилеп и полициска станица Ропотово.

Поради поплавувањето на подрумските куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Ангажирани се два багера и од ТППЕ Прилеп е испратена екипа со три пожарникари со едно теренско возило. По престанувањето на дождот водата во поплавените населени места се повлекува.

Поголем дел од Општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата за да се заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата.

Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент информациите зборуваат дека нема ниту повредени ниту настрадани.

После обилниот дожд во Виница се пријавени 40 објекти како поплавени (куќи и деловни објекти), претежно во подрумските простории. Во интервенциите за испумпување на водата од просториите интервенирале ТППЕ Виница со 3 возила, 2 пумпи и 12 пожарникари (користени се и пумпи од ДЗС), ТППЕ-Кочани со 2 возила, 3 пумпи и 6 пожарникари, ЈКП Солидарност Виница со 1 возило 1 пумпа 2 вработени, доброволно ПП друштво од Кочани со 1 пумпа и 2 доброволци и 10-тина доброволци граѓани од Виница.

Интервенирано е на 20 објекти, а интервенцијата се уште е во тек. Најобилните поплави се случиле на влезот и на излезот од градот.

Се пријавуваат и материјални штети што ќе бидат предмет на понатамошна обработка.