ОПШТИНА ТЕТОВО ПАК БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПАТИШТА, РЕЧНИ КОРИТА И САНИРАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ПОПЛАВИТЕ

0
23

Кризниот штаб во општина Тетово, денеска расправаше за состојбите создадени по поплавите предизвикани од поројниот дожд што го зафати тетовскиот регион.

-На оваа средба беше побарано од Владата на Северна Македонија да и помогне на општина Тетово, односно да издвои средства за да се врши чистење на патиштата, коритото и санирање на инфраструктурата која е оштетена од дождот, истакнаа од кризниот штаб на Општина Тетово.

Ние како општина, додадоа оттаму веднаш излеговме на терен со сите расположливи капацитети и сите средства наменети за оваа намена се искористени.

Ќе продолжиме да работиме со тимот на пожарникари на ЈКП, за чистење на патиштата, коритото на реката во Речица, Порој како и чистење на канализацијата во населбите на градот за да се обезбеди слободно и безбедно движење на граѓаните. Но, бараме итно Владата да и помогне на општина Тетово бидејќи се уште е евидентен ризикот од поплави.