Жена дивеела во Гостивар: Им правела проблем на градежни работници, па била агресивна кон полицајци

0
28

Жена дивеела во Гостивар: Им правела проблем на градежни работници, па била агресивна кон полицајци
На 05.08.2022 во 11:55 часот на ул.„18-ти Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ја лишиле од слобода В.Д.(57) од Гостивар затоа што попречувала градежни работници во извршување работни задачи и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.