Со СДСМ за европско Тетово, ја заштитивме Шара од уништување

0
21

Вложувањето во унапредувањето на туризмот, заштитата на животната средина и природните богатства е инвестиција во сегашните, но, пред се, во идните генерации, истакна,Фарук Омери, член на ЦО на СДСМ.

-СДСМ како одговорна партија го реши долгогодишниот горлив проблем со депонијата во Тетово, кој претставуваше ризик за здравјето и животната средина.На големо задоволство на граѓаните, здруженијата за заштита на животната средина, планинарските клубови ја прогласивме Шар Планина за Национален парк. Ја заштитивме Шара од уништување.За подобар пристап до содржините за рекреација и скијачкиот центар Попова Шапка целосно го реконструиравме патот од градот до шарската идила.Како дел од мнозинството во идниот Совет на Општина Тетово, секогаш ќе се залагаме и ќе даваме конкретен придонес за подобрување на туризмот и заштитата на природните богатства, посочи Имери