ШЕСТ ПОВРЕДЕНИ ПРИ СУДИР НА АВТОМОБИЛ И КАМИОН НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО – ГОСТИВАР

0
34

На 04.08.2022 во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.