4000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА СО ОТВОРАЊЕТО НА ФАБРИКАТА ЗА ЕЛЕТРИЧНИ ВОЗИЛА ВО ТИРЗ ТЕТОВО, ИСТАКНА ПОРТПАРОЛОТ НА СДСМ КАЕВСКИ

0
28

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за давање согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија.Во Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила, истакна Дарко Каевски пратеник и портпарол на СДСМ

-Фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се продуцира електричен автомобил.Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили,истакна Каевски

Заедно со придружните дејности, со оваа фабрика се очекува да се отворат три до четири илјади работни места.

Истовремено, бележиме раст на извозот и постојан раст на просечната плата, потенцираше Каевски

-Сето тоа е показател дека економските политики на СДСМ даваат резултат и се дополнителен мотив да продолжиме да работиме посветено на нови мерки кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и гарантираат економски раст и развој, додаде Каевски